Во скок во височина веќе не е прашањето кој ќе победи, туку од кој обид. Мутаз Баршим, спортист од Катар, повторно стигна до златниот медал.
Трет пат по ред ја освои титулата најдобар во светот, овој пат со скок од 237 сантиметри, со што го подобри својот најдобар резултат сезонава за седум сантиметри.
Веќе со 235 ја обезбеди титулата, но бидејќи немаше вистинска конкуренција, реши да си ги одмери силите сам со себе.
Имаше дури и обид од 242, но ја сруши летвичката.
„Мојата цел беше да го земам златото, иако светскиот рекорд е единственото нешто што ми недостасува. Три злата по ред се нешто што досега не е направено. Чувствувам дека станав важен во нашиот спорт, но никогаш не сум се чувствувал како најдобар“, изјави Баршим по новата титула.
Санг-Хјок Ву од Јужна Кореја скокна 235 сантиметри при вториот обид да го освои среброто, додека Украинецот Андриј Проценко ја освои бронзата со истиот скок.