Новак Ѓоковиќ одигра неверојатен меч против Јаник Синер и победи иако беше во негатива од 2:0 во сетови и по седми пат во кариерата успеа да направи пресврт по негативата од 2:0 во сетови.

Новак по мечот се обиде да ги испочитува сите што сакаа автограм од него, а меѓу нив имаше најмногу деца.

Од публиката му пришло момче и му побарало сувенир, а Новак решил да го почести.

Новак отишол до местото каде што се пешкирите на Вимблдон, го потпишал и му го дал на момчето, а потоа ја отворил торбата и почнал да им дели капи и други реквизити што ги имал при рака на другите навивачи.

By Author