Полуфиналниот натпревар на Ролан Гарос помеѓу Марин Чилиќ и Каспер Руд беше прекинат во третиот сет откако едена навивачка влезе на теренот и се врза со жица за мрежата.
Руд во тој момент водеше со 4:1 и беше на сервис.
Девојката втрчала на терен и се врзала за мрежата.
На маичката пишуваше „Ни остануваат уште 1028 дена“, а тоа е еколошка порака поради глобалното затоплување на планетата.
Откако таа се врза за мрежата, обезбедувањето набрзо реагираше, а играчите поради безбедност беа отстранети од теренот. Амели Морезмо, директорката на турнирот, набрзо се најде покрај теренот, која помогна ситуацијата брзо да се нормализира.
Паузата траеше 10, 15 минути, а потоа полуфиналето продолжи како ништо да не се случило.
Не е јасно како успеала да го помине обезбедувањето и да го направи овој потег, но набрзо била отстранета од теренот.