Денес ќе се спушти завесата на фудбалската сезона, а вниманието на целиот свет за нешто помалку од повеќе од два часа ќе биде насочено кон теренот на стадионот „Франс“ во предградието на Париз, Сен Дени.

Фудбалерите на Ливерпул и Реал Мадрид од 21 часот ќе истрчаат на теренот за да одговорат на прашањето кој е најдобриот тим во Европа за сезоната 2021/2022.

Дуелот меѓу „црвените“ и „кралскиот клуб“ ќе биде нивни деветти. Во претходните осум, Мадрид четири пати славеше, три пати клубот од Енфилд, додека еднаш дуелот заврши нерешено.

Од тоа во финалето двапати ги одмеруваа силите – во 2018 година Реал славеше со 3:1, додека во 1981 година англискиот великан забележа победа со минимален резултат.

Реал досега 13 пати го освојуваше овој трофеј, додека играчите на Ливерпул шест пати во клупската историја го освоија овој трофеј.

Мадрид шокираше, го објави составот два и пол часа пред натпреварот
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти делува доста сигурно во настапот на своите играчи, па речиси два и пол часа пред натпреварот го објави стартниот состав.

Реал ќе игра со Курто, Карвахал, Менди, Милитао, Алаба, Крос, Каземиро, Валверде, Винисиус, Модриќ, Бензема.

УЕФА потсети на историјата напишана од Мадрид и Англичаните

By Author