Голем успех на фудбалерките на Лион.
Фудбалерите на Лион ја освоија рекордната осма европска титула, откако во финалето на Лигата на шампионите во Торино го совладаа бранителот на титулата Барселона со 3:1.
Пред нешто повеќе од 32.000 гледачи на „Јувентус Алијанс Арена“ во Торино, Лион по 33 минути веќе водеше со 3-0. Францускиот тим поведе во шестата минута со голот на Амадин Анри, предноста ја удвои Ада Хегерберг во 23. минута, а третиот гол го постигна Катарина Макарио во 33.
Стрелец на единствениот гол за Барселона беше Алексија Путељас во 41. минута. Тоа беше нејзин 33-ти гол во сезоната и 11-ти во Лигата на шампионите.
Хегерберг се врати на терените по 20-месечна пауза поради повреда и со 59 гола на 60 натпревари е најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Лион освои осум титули во последните 12 сезони во Лигата на шампионите. Капитенот Венди Ренар, Сраха Буади и Ежени Ле Сомер учествуваа во освојувањето на сите осум трофеи.
Тренерот на Лион, Соња Бомпастор, стана првата жена што ја освоила Лигата на шампионите како играч и тренер. Претходно како играч освојуваше титули во 2011 и 2012 година.
Барселона имаше само еден пораз пред мечот со Лион во текот на целата сезона.