Лионел Меси е најзаслужниот што Аргентина го освои Светското првенство, но сигурно Анхел Ди Марија е херој од сенка. Фудбалерот на Јувентус претчувствуваше дека „гаучосите“ ќе го освојат Светското првенство.

Крилниот напаѓач на јужноамериканската репрезентација постигна гол и асистираше во финалето против Франција. Тој пред мечот за трофејот и испрати порака на сопругата дека ќе им се придружи на стрелците и дека ќе го освои трофејот.

– Љубов, ќе станам светски шампион. Тоа е запишано. Ќе постигнам гол. Напишано е како Маракана или Вембли. Одете уживајте затоа што утре ќе бидеме светски шампиони. Ние 26-те овде и нашите семејства го заслужуваат тоа – напиша Ди Марија.

Се гледа дека одличниот фудбалер силно верувал како и неговите соиграчи дека е вистинското време Аргентина да ја освои третата светска круна.

Да потсетиме, „гаучосите“ беа најдобри на планетариумот во 1978, 1986 и 2022 година, а по четири титули имаат само Бразил (5), Германија и Италија.

By Author