Рафаел Надал за прв пат во кариерата не успеа да се пласира во осминафиналето од два последователни Мастерси во кариерата. Претходно оваа година тој не успеа да го помине второто коло на турнирот во Синсинати.
Вториот тенисер во светот, Шпанецот Рафаел Надал не успеа да се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Париз, тој синоќа беше поразен од Американецот Томи Пол со 1:2 во сетови 6:3, 6:7, 1:6. Пол, 31 на АТП листата, стигна до победа по два часа и 34 минути игра.
Надал поведе во сетови благодарение на брејкот во осмиот гем од првиот сет. Во вториот сет беше забележан по еден брејк на двете страни, па победникот беше решен во тај-брејк во кој Пол беше подобар и славеше со 7:4.
Пол беше убедлив во решавачкиот сет и направи брејк во првиот, петтиот и седмиот гем за победа и пласман во третото коло. Во осминафиналето Пол ќе игра против уште еден Шпанец, Пабло Карено-Буста, кој вечерва го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 2:1 по сетови 7:6, 2:6, 6:4.
Парискиот Мастерс и оваа година приредува првокласни изненадувања. Јаник Синер прв „исчезна“ од ждрепката веќе во првото коло, младиот Руне беше кобна за Вавринка и Хуркач – а на својот проштален настап Жил Симон се наоѓа „втората младост“ со импресивни победи против Мареј и Фриц. .
Сепак, Данил Медведев беше изненадувањето на денот и на турнирот се додека на теренот на Берси не се појави Рафаел Надал и ги шокираше сите со поразот од Поло.