Новак го совлада Шелтон во три сета и по 10-ти пат ќе се бори за трофејот кој досега го освои три пати.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето 10-то финале на УС Опен, кој во полуфиналето беше подобар од Американецот Бен Шелтон – 6:3, 6:2, 7:6 (7:4)!

Новак и Бен никогаш не се сретнале до сега, самото појавување на теренот му донесе влез на Србинот во историјата на УС Опен, а по два и пол часа доминантна игра, со, додуша, неочекувани борби во третиот сет, тој го постигна својот 31 последователен триумф против некој американски играч. Интересно е што последен пат загуби од Сем Квери во 2016 година на Вимблдон.

Сурова сила против техника, искуство, квалитет и прецизност, така изгледаше целиот меч на овие двајца тенисери, каде во еден момент се прашувате како Шелтон стигна до оваа фаза од турнирот.

Само во третиот сет се обиде да му го загорчи животот на најдобриот тенисер на сите времиња, па во тој дел од играта ја опушти раката, почна да удира и дури имаше сет поен при 5:4.

Иако против себе го имаше најубоитиот сервер на овој турнир, тој успеа целосно да го надигра (дури и да има повеќе асови од него). Ноле во неделното финале ќе игра против подобриот од мечот Карлос Алкараз – Данил Медведев.

Новак со триумфот против Шелтон по трет пат во кариерата успеа да стигне до сите четири финалиња на Грен слем во една година. Да потсетиме, тоа веќе го направи во 2015 и 2021 година, а доколку победи во финалето, покрај 24-от трофеј во ГС, по четврти пат во една сезона ќе земе најмалку три големи титули (2011, 2015, 2021) .

Финалето кое ќе биде круна на еден голем спортски ден кога е во прашање српскиот спорт. Најпрво кошаркарите од 14 часот и 30 минути ќе го играат финалето на Мундобаскетот, потоа одбојкарите ќе го одиграат осминафиналето на ЕП, а потоа српските фудбалери ќе одиграат важен квалификациски натпревар против Литванија. Конечно – спектакл и тенис!

By Author