Што туку заврши натпреварот помеѓу фаворизираната Данска и Шпанија, кој одиграа фантастичен натпревар, во кој двете полувремиња ѓи одбележа различна екипа, а на крај Данска го плати данокот за тактизирањето против Франција. Доколку во првото полувреме подобар противник беше Данска и на моменти водеше со 4 гола разлика, Ландин бранеше на одлично ниво, во второто полувреме се сменија улогите.

Данскан само во првите неколку минути од второт полувреме го одржуваше водството од еден гол, по што Шпанија, да не речеме Перез Де Варгас ја превземаа работата во свои раце го превземаа водството од 17-16 и љубоморно го чуваа до крајот на натпреварот кој во еден наврат беше и четири разлика, како и крајниот резултат 29 – 25.

Со сигурнос можеме да кажеме дека еден од најзаслужните за оваа победа е голманот на Шпанија Де Варгас кој натпреварот го заврши со 13 одбрани, како и десното крило Алекс Гомез Абељо со 11 погодоци. Додека кај данците нај ефикасен беше Микел Хансен со 8 погодоци.

By Author