Кралот на земјаните терени свика конференцијата за во четврток.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал оваа година нема да игра на Ролан Гарос, со тоа тој би испаднал од Топ 100 пренесуваат шпанските медиуми.

Надал се уште не се опоравил од серијата повреди што ги имаше, а последниот меч му беше на Австралија опен уште во јануари годинава.

Оттогаш тој напорно тренира за да се врати на теренот, но се чини дека се уште не е подготвен да ги одмери силите со најдобрите. Неодамна „излегоа“ видеа од Надал од тренинзите во Шпанија, но за време на истиот Рафа се грчеше од болки, па мораше порано да оди во соблекувална.

Интересно е што Надал за четврток свика конференција на која официјално ќе соопшти дали ќе игра на вториот Грен слем каде ја брани титулата и 2.000 АТП бодови.

Се уште нема детали дали Надал ќе се врати на терените во текот на сезоната или отсуството од Ролан Гарос може да значи крај на неговата ера.

Шпанскиот тенисер моментално е 15-ти во светот со 2.445 поени, а доколку го пропушти Ролан Гарос ќе падне на само 445 АТП поени, што значи дека нема да биде носител на големите турнири.

By Author