Еден од најголемите ракометни виртуози што светот некогаш ги видел, ја остави планетата во шок со тоа што реши да ја заврши кариерата кога најмалку се очекуваше.

Ракометарот на Алборг и дански репрезентативец Микел Хансен ќе отсуствува од терените на неодредено време поради стрес, соопшти неговиот клуб.

Данецот важеше за една од најголемите легенди на овој спорт, а неодамна беше дел и од репрезентацијата на Светското првенство.

„По консултација со семејството и лекарите, Хансен не извести дека е болен со симптоми на стрес. За него ова е исклучително тешка реакција на стресот од изминатата година“, се вели во соопштението за медиумите на Алборг.

Хансен минатата година се врати во Данска од Пари Сен Жермен, откако помина 10 години во францускиот клуб.

„Тоа беше напорна година за Микел. Во текот на пролетта, тој страдаше од флебитис во комбинација со белодробна емболија. Потоа се преселил со семејството во Данска по 10 успешни години во странство. Тој беше во центарот на вниманието на јавноста во текот на есента, а потоа играше на Светското првенство во јануари“, изјави директорот на Алборг, Јан Ларсен.

Тој истакна дека едвај чека Хансен да се врати на теренот.

„Микел ќе добие стручна поддршка, како и времето кое му е потребно да се опорави и да се врати на терените. Сакаме да игра што е можно поскоро, но во моментов најважно е да се грижи за себе и за своето семејство“, додаде Ларсен.

By Author