Словачката скијачка Петра Влхова освои златен медал во слалом на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Влхова до првиот златен медал за Словачка во алпско скијање стигна со резултат 1:44,98 минути.
Влхова, која ја освои титулата во Светскиот куп во слалом, после прво возење беше осма, но успеа да се израмни со Германката Лена Дур и да го освои првото олимписко злато во кариерата. Дур на крајот го освои четвртото место.
Сребрениот медал го освои Австријката Катарина Линсбергер со 0,08 секунди заостанување, а бронзата Швајцарката Венди Холденер со 0,12 секунди.
Американката Микаела Шифрин не ја заврши трката. Ова е втор неуспех за Шифрин во Пекинг, откако пред два дена не го заврши велеслаломот.
„Никогаш не сум бил во ваква позиција и не знам како да се снајдам. Најмногу се концентрирав на велеслалом и слалом. Залудна беше големата работа што ја вложив“, низ солзи изјави Шифрин.
Трката не ја заврши ниту Италијанката Федерика Брињоне.