Струмичанецот Александар Љафтов и неговиот тим Хебер Пазарџик ја освоија шампионската титула на Бугарија.Ова е историски успех за клубот во кој македонскиот ас настапува веќе четврта сезона.

Како што се наметна како еден од носителите во македонската репрезентација така се наметна и како еден од носителите на бугарски Хебер, во последниот меч постигна 14 поени и беше втор најдобар поентер во тимот на Пазарџик.Пофални зборови за македонецот не се штедеаа ни во бугарските медиуми а тимот на Хербер по победата и освоената титула беше пречекан со оваации од нивните фанови при пристигнувањето во Пазарџик.

Во својата кариера Љафтов има настапувано и за клубови во Хрватска,Турција,Кипар,Египет,Србија и Македонија

Љафтов ке нема многу време за прослава на титулата затоа што во наредниов период му следат припреми со македонската репрезентација која ќе се подготвува за настапот во Европската сребрена лига чија што завршница ке биде токму во Струмица.

By Author