Навивачите на „чеканите“ добија препорака од англиските власти да не патуваат во Холандија, токму поради потенцијални напади, но и покрај тоа голем број од нив отпатуваа за Алкмар.
Фудбалерите на АЗ Алкмар од 21.00 часот го пречекуваат тимот на Вест Хем, во рамките на реваншот од полуфиналето на Конференциската лига.
Вест Хем има предност од првата средба со 2:1. Сепак, натпреварот имаше, во најмала рака, „огнена“ увертира на улиците. Дополнително, навивачите на „чеканите“ добија препорака од англиските власти да не патуваат во Холандија, токму поради потенцијални напади, но и покрај тоа голем број од нив отпатуваа за Алкмар.
Според некои информации, во Холандија има дури 5.000 навивачи на Вест Хем, кои дополнително се „засилени“ со навивачите на Гронинген. Но, сепак ги предизвика дополнително фановите на АЗ кои во голем број тргнаа во пресметка со гостите, а од Холандија пристигнуваат доста вознемирувачки видеа.