Фудбалските репрезентации на Германија и Шпанија одиграа нерешено (1:1) во второто коло на Светското првенство

Уште од првата минута видовме дека ќе видиме добра игра, двете екипи почнаа агресивно во ловат погодоци.
Веќе во седмата минута од натпреварот Дани Олмо ја затресе гредата на Германија, додека три минути подоцна Германија имаше шанса, но Гнабри беше во офсајд.

Алба упати одличен удар во 20. минута од натпреварот, но го промаши голот, додека 12 минути подоцна одлична шанса имаше Феран Торес.

Во 32. минута Ридигер постигна гол за Германија, но истиот беше поништен поради офсајд, па резултатот остана непроменет.

Ридигер се обиде во 45. минута. Упати силен удар, но Унаи Симон го одбрани, па така на пауза се отиде без погодок.

Шпанија подобро влезе во вториот дел, но и германскиот тим создаваше шанси.

Голгетерот на „црвената фурија“ влезе од клупата како вајлд-карта во 54. минута, а веќе во 62. на асистенција на Џорди Алба донесе ерупција од воодушевување на трибините. Но, се случи она што сите го посакуваа, натпреварот се отвори.

После тоа Германија ја презеде иницијативата. Најмногу се истакнаа Мусиала и Сане кои упорно создаваа шанси пред голот на Шпанија.

Напорот вроди со плод во 82. минута од натпреварот, кога Сане ја започна акцијата, префрли до Мусиала кој му ја подаде топката на Филкруг и погодок за израмнување.

Германија да стигна до вреден бод. Сепак, без разлика, „Панцерите“ и понатаму се последни во групата со еден бод. Шпанија има четири, а Јапонија и Костарика по три.

Во последното коло Германија игра против Костарика, а Шпанија против Јапонија.

By Author