Ерлинг Халанд ќе биде еден од најбараните фудбалери во светот ова лето, а светските гиганти се борат за него и на секој начин се обидуваат да го убедат да потпише за нив.

Едночасовната средба со Хасан Салихамиџиќ, како и средбата на Оливер Кан со Мина Рајола дополнително ѓи поттикнаа гласините за спектакуларен трансфер.

Се чинеше дека се е договорено меѓу Халанд и Манчестер Сити, но сега германски Билд пренесува дека може да дојде до голем пресврт и вистински фудбалски земјотрес во Германија.

Таков трансфер не е виден осум години, кога Роберт Левандовски од Дортмунд се пресели во Баерн.

Гигантот од Алијанц Арената често знаеше да му зададе жесток удар на Дортмунд со доведување на најдобрите играчи, како Левандовски, Хумелс, Геце …

Халанд би бил уште еден жесток удар за „Милионерите“.

Според Билд, Халанд се сретнал со Хасан Салихамиџиќ во март и на средбата разговарале еден час. Оливер Кан се сретна и со Мина Рајола, агент кој го застапува Норвежанецот.

Баерн очигледно сака да се осигура бидејќи се повеќе се шпекулира дека Роберт Левандовски би можел да го напушти клубот оваа сезона. Тој има договор до следното лето, но не сака да го продолжи, а очигледно Халанд би бил идеална замена.

By Author