Овој одмор на еден од многумината фудбалери што одлучија да го поминат на Ибица, со сигуност нема да му остане во добо сеќавање. Така за оваа популарна дестинација се одлучија Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Луис Суарез, Душан Влаховиќ, Верати и многу други.
Фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати пријавил грабеж од вилата во која бил сместен.
Шпанската цивилна гарда објави дека истражува кражба на голема сума пари и накит од Верати од куќата во која тој го минува летниот одмор на Ибица.
Иако не е потврдено од официјални извори, вредноста на парите и накитот би можела да изнесува дури три милиони евра.
Според изданието „Диарио де Ибица“, куќата која била цел на крадците му припаѓа на поранешниот бразилски фудбалер и актуелен претседател на клубот Реал Ваљадолид, Роналдо Назари де Лима.
Грабежот се случил во понеделникот на 27 јуни, додека фудбалерот на ПСЖ и неговите роднини биле надвор од местото на настанот.