ПРВ ден од европскиот турнир во ватерполо за мажи и – прво изненадување. Француските ватерполисти на стартот од групата Б одиграа нерешено со фаворизираната Грција – 12:12 (3:3, 5:4, 2:4, 2:1). Олимпискиот вицешампион потроши два напада во последните 20 секунди, неуспешни беа Аргиропулос и Влахопулос.
Кај „триколорите“ се истакна голманот Фонтани со 11 одбрани, а Крузије и Томас Верно постигнаа по три гола. Најефикасни кај Хелените беа: Аргиропулос, Скумпакис, Папанастасиу и Николадис со два погодоци.