Спортистите кои се натпреваруваат на Зимските олимписки игри во Кина се жалат на условите откако завршија во изолација поради коронавирусот.
Од почетокот на Игрите има стотици случаи на позитивни тестови за ковид, поради што натпреварувачите мораа да бидат изолирани.
Поплаки има за сместување во хотели за изолација, но и за храна и други услови, додека британските медиуми пишуваат дека има и такви што плачеле.
Кога станува збор за условите за сместување, се наведува дека собите се претесни за вежбање и тренирање. Секојдневно се прават тестови на спортисти, а оние кои се заразени се одвојуваат од тимот.
Кинезите се обидуваат да организираат настан без заразени среде пандемијата на коронавирус, но тоа има и друга страна.
Руската биатлонка Валерија Васнецова го сподели деталот и вели дека три пати дневно, пет дена во неделата добивала идентично и нејадливо парче месо.
Шефот на германската делегација Дирк Шимелфениг ги критикуваше и неприфатливите услови за спортистите, кој рече дека собите освен што се мали, не се чисти.
Според него, храната е лоша, а тестовите не се прават на изолираните, иако негативен тест е единствениот излез.
Наталија Малишевска, полска лизгачка, опиша дека постојано била префрлана од карантин, поради различни резултати од тестот.
Таа нагласи дека тоа и оставило траума поради која постојано плачела. Таа откри дека една вечер организаторите ја одвлекле во три часот наутро за да ја вратат во Олимпиското село.
Процениле дека не е ризична за околината, за да наскоро повторно да ја вратат во самица.
“Седев во брзата помош. Беше три часот наутро и плачев како луда, бидејќи не знаев што се случува. Воопшто не се чувствував безбедно”, изјавила 26-годишната девојка.
Во карантин се 387 спортисти репрезентативци и новинари. Не е познато колку спортисти биле затворени. Шефот на финската хокеарска репрезентација Јука Јалонен вели дека Кинезите ги кршат човековите права затоа што го држат во изолација еден од неговите главни играчи, иако лекарите го прогласиле за здрав.
Марко Антила е затворен во изолација откако беше тестиран како позитивен пред 18 дена и останува во карантин иако е асимптоматски.
За да се извлече некој од изолација, му требаат два негативни ПЦР тестови со разлика од 24 часа.
Јалонен вели дека Антила не добива добра храна и посочува што кажала споменатата руска атлетичарка Васнецова.
“Ме боли стомак, бледа сум и имам црни кругови околу очите. Сакам да заврши ова, плачам секој ден и многу сум уморна”, рекла таа на социјалните мрежи.
Таа откри и дека оние кои не се спортисти и завршуваат во ист хотел, имаат подобра храна и подобри услови, наведувајќи го примерот на нивниот тимски лекар.
„На полноќ ми рекоа дека можам да излезам, а пет минути подоцна дека не можам. Ми рекоа дека во Кина се е политика и дека тоа не можам да го разберам“, вели Малишевска.
Таа додаде дека не им верува на тестовите поради спротивставени резултати, додека тврди дека „нешто во неа починало“ поради условите во кои завршуваат заразените спортисти.