Следната недела во Лондон на состанокот на „ИФАБ“ би можело да се донесе одлука која засекогаш ќе ја промени фудбалската игра каква што светот ја знае. Полека но сигурно најважната споредна ствар на светот го губи шармот.
Угледната „Марка“ пишува дека има големи шанси со почеток во 2024 година, регуларното време на натпреварите да не трае 90 минути, ниту пак правилото за офсајд да биде исто како порано.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја разгледува идејата во иднина фудбалот да се игра со прекини.
Првиот човек на светскиот фудбал сака да го ограничи губитокот на време бидејќи смета дека тоа е моментално најголемиот проблем.
Идеите за промена на правилата се на маса и клучните луѓе задолжени за правилата на оваа магична игра ќе разговараат за нив многу наскоро.
Она што сигурно ќе дојде како новина е дека од 30 јуни секоја прослава на гол ќе биде вклучена во временскиот надоместок, за да не дојде до прекини за време на прославите кои понекогаш траат и подолго од минута или минута и половина.
ФИФА сака да го сведе „мртвото време“ на минимум, па од следната сезона судиското обештетување ќе биде многу подолго од претходно.
Една од главните теми е правилото за офсајд. Арсен Венгер, директорот за развој на ФИФА се залага дека на напаѓачите треба да им се дозволи да имаат еден дел од телото пред одбрамбените играчи. За ова се уште се разговара.
Почнувајќи од сезоната 2023/2024, правилото за поништување гол ќе се укине доколку некој од резервните играчи бил на теренот во моментот на постигнувањето на голот. Нешто слично се случи и на Светското првенство во Катар.
Судиите имаа опција тие удари да ги прогласат за нерегуларни, но тоа не се случи, ниту ќе се случи во иднина.
Како што веќе беше наведено, изгубеното време за време на прославата на голот ќе стане дел од обештетувањето. Ќе се воведе и „Правилото против Емилијано Мартинез“.
Тоа што голманот на Аргентина го правеше до сега ќе биде строго забрането, па при изведување на пенал, голманите на мрежата не смеат да имаат никаков контакт со изведувачот, па дури и да ја допираат стативата, гредата или мрежата.
Прецизно е објаснето што значи кога дефанзивецот имал контрола над топката, по што дошло до намерно играње што ја отфрлило офсајд позицијата:
– топката дошла од далеку и играчот има чист поглед
– топката не се движела брзо
– правецот на топката не бил неочекуван
– играчот имал време да ги координира движењата на телото, т.е. тоа не беше инстинктивно истегнување или скок, или движење кое постигна ограничен контакт/контрола
– движењето на топката на земја е полесно отколку во воздухот
Дефанзивецот кој го напушта теренот за игра без дозвола на судијата ќе се смета дека е на гол-линијата или страничната линија. Офанзивниот играч може да застане на теренот за игра или да остане надвор од него за да избегне учество во активна игра.
Ако играчот повторно влезе од гол-линијата и се приклучи на играта пред следниот прекин на играта, играчот ќе се смета дека е позициониран на гол-линијата заради офсајд позиција.