Тешки денови го очекуваат лондонскиот гигант.
Премиер лигата одлучи да го дисквалификува Роман Абрамович од Челзи и со тоа да го отстрани од клубот.
„Откако британската влада воведе санкции, Управниот одбор на Премиер лигата го дисквалификува Роман Абрамович од позицијата директор на фудбалскиот клуб Челзи“, се вели во соопштението.
Откако му беа изречени санкциите, сите сметки на Челзи беа замрзнати, па Русинот не може да го продаде клубот иако имаше многу заинтересирани.
Сега Премиер лигата го дисквалификува Роман Абрамович од кормилото на Челзи и тој повеќе нема никаква улога во клубот.
Во прашање е и лиценцата за натпреварување, но тоа не треба да биде проблем, барем за оваа сезона, бидејќи важи до крајот на натпреварувачката година.
Челзи може да продолжи да тренира и да игра, но клубот не може да се продава, не може да продава и носи играчи, а сега не може ни да ги искористи средствата што ги има, па не може да плаќа плати.
Тоа е голем удар за клубот и за неговиот опстанок, а никој не знае како понатаму ќе се развива сиуацијата.