Можеше да заврши трагично, за среќа славниот Шпанец избегна тешки последици.

Марк Маркез, возач на Репсол Хонда и осумкратен светски шампион, доживеа исклучително тежок пад на неговите последни тренинзи пред Големата награда на Индонезија.

Шпанецот од почетокот на подготовките за втората трка сезонава на патеката Мандалика е во очаен ритам, дури три пати падна пред тренингот да влезе во финалето.

Но, наместо рутинска завршница, Маркез при еден свиок се лизна, изгуби контрола над моторот и летна во воздух, по што со голема брзина удри во асфалтот.

Маркез успеал да стане, но по начинот на одење се забележувало дека ударот оставил последици, па бил префрлен во болница. После прегледот констатиран е потрес на мозокот, поради што Шпанецот не учествуваше во трката.

By Author