Тренерот на Челзи Томас Тухел истакна дека сакале да бидат камче во чевелот на Манчестер Сити и успеале ја освоиле лигата на шампионите.
“Неверојатно е да го споделиме ова со сите. Го направивме тоа. Не знам што да чувствувам. Бев толку благодарен што бев по втор пат во финалето. Се чувствував поинаку. Бевме некако … Можеше да почувствуваме како дека сме блиску. Играчите беа решени, да го освојат ова “, изјави Тухел за БТ Спорт, објави Скај.
Челзи по втор пат во својата историја успеа да стигне до трофејот во Лигата на шампионите на Тухел пак ова му е второ финале но прва титула откако последниот пат со Парис Сен Жермен изгуби во финалето од Баерн Минхен.