Трагедија за време на велосипедска трка.
Наместо спектакл, крајот на трката Трофео Кастелфидардо, велосипедска трка која се одржува во Италија, го одбележа невидена трагедија.
Еден од учесниците на трката, 23-годишниот Никола Венциарути, изгубил контрола над велосипедот и налетал на Стефано Мартолини, спортскиот директор на тимот Вирис Вигевано.
Иако членовите на медицинскиот персонал набрзо притрчале до него и се обиделе да го спасат, Мартолини при падот ја удрил главата во бетонот и останал мртов на лице место.
Според соопштението на организаторите на трката, лекарите не можеле да направат ништо за да го спасат 41-годишниот предводник на оваа екипа.
ПРЕДУПРЕДУВАМЕ: Снимката може да биде вознемирувачка.