Доста интересна вечер беше видена во Лигата на шампионите
Заврши 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а сега веќе се појасни некои работи околу тоа кој ќе остане во ова натпреварување и кој ќе треба да се пресели во Лига Европа и екипите кои ќе ги напуштат сите европски натпреварувања.
Во Aмстердам на „Јохан Кројф арената“ Ајакс играше против Ливерпул и ја бркаше можност напролет да игра во Лигата на шампионите, но таму ги пречека студен туш под водство на Дарвин. Нуњез, Мохамед Салах и Харви Елиот.
Ништо подобро не помина ниту Барселона, која ќе игра уште една сезона во Лига Европа, која заврши на третото место, а Баерн беше убедлив со 3:0 среде Камп Ноу.
Најлудо дефинитивно беше во Мадрид, каде Атлетико Мадрид успеа да добие пенал на истекот од судиското надополнување, но Караско го промаши пеналот и го исфрли својот тим од Лигата на шампионите!
Доста интересно беше во Лондон, каде Хари Кејн постигна гол во последните секунди од натпреваротво, но тој гол беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд, па сега и Тотенхем има грижи.
Резултати од 5. коло од Лигата на шампионите, среда:
Клуб Бриж – Порто 0:4 (0:1)
(Тареми 33, 70, Еванилсон 57, Еустакио 60)
Интер – Викторија Пилсен 4:0 (2:0)
(Мхитарјан 35, Џеко 42, 66, Лукаку 87)
Ајакс – Ливерпул 0:3 (0:1)
(Салах 42, Нуњез 49, Елиот 52)
Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен 2:2 (1:2)
(Караско 22, Де Пол 50 – Дијаби 9, Хадсон-Одои 29)
Барселона – Баерн Минхен 0:3 (0:2)
(Мане 10, Чупо-Мотинг 31, Павар 95)
Ајнтрахт Франкфурт – Олимпик Марсеј 2:1 (2:1)
(Камада 3, Коло Муани 27 – Гендузи 22)
Наполи – Ренџерс 3:0 (2:0)
(Симеоне 11, 16, Остигард 80)
Тотенхем – Спортинг 1:1 (0:1)
(Бетенкур 80 – Едвардс 22)