Тони Надал му одаде признание на Новак Ѓоковиќ за резултатот што го постигна на Австралија Опен.

Во колумната што редовно ја пишува за „Ел Паис“, Тони кажа дека Новак е „борец до исцрпеност“.

– Неговата игра е несомнено најкомплетна на турнирот, што му овозможува да игра и офанзивно и дефанзивно. Одлучен е и голем борец, би рекол до исцрпеност, но одговара со зачудувачка смиреност во моментите на максимална тензија – вели шпанскиот тренер.

Тој е убеден дека се уште не сме виделе се од светскиот рекет број еден, но и дека само еден тенисер може да го победи кога ќе биде целосно подготвен.

– Ja има и амбиција и таа постојана желба да продолжи да напредува. Доказ за тоа е неговиот сервис кој во изминатиот период е исклучително подобрен. Циципас во првиот сет сакаше да игра прецизно против Новак, еден на еден, со брзи и агресивни удари, постојано менувајќи го правецот на ударите. Се уште изгледа невозможно да го победиш, освен ако не си Роџер Федерер – додаде Тони.

By Author