– На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ потпишаа договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана заедно со лидерите од Западен Балкан присуствуваше на потпишување на договор за пониски роаминг цени.
Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.
Со овој договор од идната 2023 година Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија. Истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.
Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот.