Новозеландската сноубордерка Зои Садовски-Синот освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, во дисциплината “slopestyle”.
Таа така и го донесе првиот златен медал на својата земја во историјата на Зимските олимписки игри, а победата ја однесе со вкупно 92,88 поени.
Покрај 20-годишната, до медали стигнаа и Американката Џулија Марино, која стигна до среброто со 87,68 поени, додека Австралијката Тес Коди со 84,15 поени до бронзата.
Освојувачката на златниот медал од претходните Игри во Пјонгчанг, Американката Џејми Андерсон, натпреварувањето го заврши на деветтото место.
Зои веднаш по златото објави фотографија на Инстаграм со коментар „што по ѓаволите…“, во неверување поради подвигот.
Нејзиниот татко, Шон, изјави за Скај дека победата е „прилично возбудлива, а тимот од 5 милиони фанови зад неа е едноставно неверојатен“.
„Ви благодариме на сите за поддршката во следењето на овој натпревар, ви благодариме за известувањето, сè беше фантастично. Воодушевен сум, таа очигледно е конкурентна и беше под толку голем стрес, претпоставувам по еден пад, но таа го издржа тоа“.