Морковите општо познато ни е дека се многу здрави. Бебињата меѓу првите производи што ѓи конзумираат после мајчиното млеко се кашичките од морков.

Ернст Моро е роден во Љубљана, која тогаш, во 1874 година, беше дел од Австро-Унгарија. Студирал на Универзитетот во Грац, а подоцна станал професор по педијатрија на Универзитетот во Хајделберг во Германија.

Во тоа време, педијатријата сè уште се развиваше во Европа како независно поле на медицината, а стапката на смртност кај новороденчињата беше многу висока и достигна речиси 25 проценти. Една од главните причини зошто умреле илјадници бебиња била дијареата. Доктор Моро успеал да најде начин да ги спаси животите на тие бебиња, а неговиот лек бил едноставен и генијален во исто време, пишува Bright Side.

Моро предложил на бебињата да им се дава супа од морков приготвена по негов рецепт. Моросовата супа од морков има само три состојки: 500 гр моркови, вода и сол.

Неопходно е да се исчистат и измијат морковите. Потоа варете ѓи додека не омекнат. Испасирајте ги и додадете вода, за да има вкупно околу еден литар течност.

Се испостави дека оваа едноставна супа ја спречи дијареата кај бебињата, дури и во најлошите форми, а рецептот им помогна на илјадници деца. Подоцнежните студии покажаа дека олигосахаридите содржани во оваа супа од морков ги спречуваат бактериите да се залепат на ѕидот на цревата, со што се запира дијареата. Со текот на времето, овој лек беше заменет со антибиотици и лекови против дијареја, но во тоа време тој помогна драматично да се зголеми стапката на преживување кај новороденчињата.

Освен супата од морков кој спасува живот, има многу други откритија на Ернст Мороу кои станаа пресвртница во модерната педијатрија.

Тој го откри таканаречениот „рефлекс на прегратка“ или рефлекс Моро, кој помага да се открие спастична церебрална парализа кај новороденчињата.

Тој го измислил терминот „прв триместар“ и ги опишал клучните карактеристики на овој период од бременоста.

Тој развил едноставен кожен тест за туберкулоза кој се користел до 1960-тите.

Тој открил дека организмот на доените бебиња поефикасно се бори со бактериите во споредба со децата кои се хранат со шише.

Д-р Моро се пензионирал од Универзитетот во Хајделберг во 1936 година и продолжил да работи како приватен педијатар до 1948 година.


By Author