Доколку сакате да пробате поинаква пита со јаболка, тогаш оваа торта е вистинскиот избор

Tart tatin е француска класика, во основа пита со јаболка која никого не остава рамнодушен. Крцкавото тесто во комбинација со јаболка во длабока карамела го прават овој десерт закуска што се памети по сите сетила.

Според оригиналниот рецепт се прави со јаболка, иако многумина го прават и со друго овошје како круши или праски.

Компоненти:

150гр путер

230 гр брашно

3 лазицишекер во прав

1 јајце

на врвот на ножот сол

За филот

6 кисели јаболка

75 гр путер

200 гр шекер

Подготовка

Ладниот путер исечкајте го на коцки, па додадете го во брашното заедно со шеќерот и солта. Со раце втријте го путерот во брашното за да добиете ронлива смеса.

Јајцето убаво изматете го со вилушка, додајте го во брашното и путерот, па брзо замесете да се соединат сите состојки. Тестото треба да биде ронливо.

Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку половина час. Јаболкота излупете ги и исечете на четири дела. Во тавче ставете шеќер и путер и на тивок оган со постојано мешање карамелизирајте ги. Кога шеќерот ќе добие светла боја на карамела, додадете ги јаболката и пржете ги во карамелот пет минути. Ќе омекнат и целосно ќе се премачкаат со карамела. Извадете го тестото од фрижидер, малку измесете го на набрашнета површина, па развлечете го на хартија за печење. Сè заедно со хартијата за печење префрлете го преку тавата со јаболка.

Полека одстранете ја хартијата и лесно ставете ги краевите од тестото до дното на тавата. Со остар нож избоцкајте го тестото одозгора на неколку места за да може да излезе пареата од јаболкото при печењето.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Кога ќе биде готово, оставете го пет минути во тавата за печење, а потоа полека превртете го колачот на чинија или плех за да ви бидат јаболките одозгора.

Оладете ја питата и послужете ја. Може да и додадете шлаг или ако го послужите топла топка сладолед од ванила.

Пријатно!

By Author