Наместо да купувате мали колачи, можете да направите домашни кои ќе бидат многу повкусни од оние кои се купени во продавница.

Неопходно е:

100 g мл ореви
200 гр мл плазма
300 гр суви смокви
100 гр шеќер во прав
100 гр путер или маргарин
50 гр бело или темно чоколадо
100 мл сок портокал
50 гр половинки од ореви
100 гр сечкани ореви
вкус по желба

Подготовка:
Смоквите ставете ги во топла вода да отстојат 10-15 минути. Омекнете го путерот и измешајте го со растопената чоколада.

Во мелените бисквити и ореви додадете растопен путер и топол сок и 100 гр шеќер во прав и сè измешајте рамномерно.

Смоквите се вадат од водата, се сечат малку со нож и се полнат со мешавината од бисквити, а потоа вметнете орев во средината. Обложете ги од надворешната страна смоквите исто со бисквитно тесто и валкајте сецкани или мелени ореви.

Се лади 2-3 часа во фрижидер, па се сече на половини или четвртини.

Во бисквитот по желба може да додадете рум, можете да додадете и ванила.

By Author