АЛБАНЦИТЕ од Косово и Метохија веќе почнаа да и се закануваат на Србија и на претседателот на Србија Александар Вучиќ
Висар Кељменди на Твитер објави дека Александар Вучиќ и Србија ќе завршат како Ирак и Садам Хусеин.
Во јужниот дел на Косовска Митровица, веднаш после главниот мост што ги дели северна и јужна Косовска Митровица, се собрани околу 200 Албанци.
Сирените за воздушен напад најпрво се огласија во северниот дел на Митровица нешто по 17:30 часот.
Единиците на РОСУ вооружени до заби се на преминот Јариње.
Граѓаните почнаа да се собираат во центарот на Северна Митровица, а според неофицијални информации народот ќе оди на Рудар кај Звечани каде ќе поставува барикади, јавува Косово онлајн.
Се собираат граѓани незадоволни од воведувањето на мерките за реципроцитет чија примена треба да започне вечерва на полноќ, а кои вклучуваат непризнавање на личните карти на Република Србија на премините.
На граѓаните со српски документи ќе им биде врачен влезно-излезен документ, а утре ќе почне пререгистрацијата на возилата со таблички од Република Србија за Косово.