Американската атлетичарка Сиднеј Маклофлин го освои златниот медал на 400 метри со пречки на Светското првенство во Јуџин, САД, поставувајќи нов светски рекорд од 50,68 секунди.
Маклохлин во голема мера го подобри својот претходен личен рекорд (51,41), кој го постигна и во овој град во американската сојузна држава Орегон на 25 јуни годинава. Таа е првата жена што ја поминала оваа делница за помалку од 51 секунда.
Американката го освои златото оставајќи ја далеку зад себе сребрената Фемке Бол од Холандија, додека златната освојувачка од претходниот Мундијал Далила Мухамед заврши на третото место.
– Времето е апсолутно неверојатно, а спортот е се побрз и побрз. Сега разбирам какви се пречки може да надминам, а станувам само побрза- рече Маклохлинова, која го освои светското злато во штафетата 4х400 метри во Доха.