Ракометниот спектакл во Битола остана во сенка на страотен инцидент во кој учествуваа и полициските сили.

Ракометарите на Вардар го освоија Купот на Македонија откако го совладаа Пелистер со 26:25.

Натпреварот го одбележа тепачка и голем инцидент во кој предност доби Филип Талески.

Еден од јунаците на победата на Скопје се најде на погрешно место кога кон крајот на натпреварот дојде до тепачка меѓу играчите. Така еден од полицајците без размислување го удрил со палка.

Вирално стана видеото на кое полицаецот со палка го удира Талески по глава.

МВР денеска објави соопштение во кое наведува дека иако случајот не е пријавен ниту од делегатите на натпреварот, Ракометната федерација ниту пак од самиот ракометар, Одделот за Внатрешна контрола ќе отвори предмет за инцидентот и постапките на полицаецот.

By Author