Јуве го сврте резултатот во средината на вториот дел.
Спектаклот на денешните натпревари во Серија А, по убедливите победи на Аталанта и Сасуоло, го продолжија фудбалерите на Рома и Јувентус, на чиј натпревар, на крајот, забележаа седум гола!
Седум гола и победата на Јувентус, кој беше срушен во средината на вториот дел, но за седум минути однесе злато вредно три бода во борбата за место во Лигата на шампионите – 4:3 (1:1)!
Бјанконерите имаа среќа, бидејќи во 81. минута останаа без исклучениот Матијас Де Лихт, додека неговата игра со рака во шеснаесетникот од белата точка не ја искористи Лоренцо Пелегрини.
Пелегрини беше стрелец на третиот гол за Волчицата, кога во 53. минута зголеми на 3:1, додека претходно му беше асистент на Хенрик Миктаријан за вториот гол на Волчицата. Претходно Абрахам го доведе домаќинот во водство во 11. минута, а израмни Дибала седум минути подоцна.
Мануел Локатели го започна пресвртот на Јувентус во 70. минута и намали на 3:2, додека Кулушевски во 74. и Де Сиљо во 77. им пресудија на тимот на Жозе Мурињо.
Со оваа победа Јуве дојде до 38 бода, што е три помалку од споменатата Аталанта на 4. место. Сепак, со натпревар повеќе. Од друга страна, Рома останува на 8. место со 32 бода колку што имаат иФиорентина и Лацио.