Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако во реваншот по продолженијата го совладаа Челзи и покрај поразот од 3:2.

Реал го доби првиот натпревар во Лондон со резултат 3:1, а идентично беше и во Мадрид во корист на Челзи.

Натпреварот отиде во продолжение, а Реал успеа да се пласира во полуфиналето со голот на Бензема во 96. минута.

Челзи во еден момент имаше и 3-0 со головите на Маунт, Ридигер и Вернер, но Винисиус на асистенција на Модриќ му донесе на Реал дополнителни 30 минути.

Потоа Бензема стапна на сцената и со гол го одведе својот тим понатаму и уште еднаш стана херој на Мадрид.

Во второто продолжение, Челзи пропушти дури три одлични можности да добие пенали и со тоа не успеа да направи сензација и да ја продолжи борбата за одбрана на титулата.

By Author