Откако вчера падна првиот снег во Хрватска, на некои места во пониските предели, денеска се очекува смирување на времето, но утре на Јадранот ќе пристигнат дожд, снег и ветрови налик на урагани кои би можеле да поплават делови од крајбрежјето.
Според податоците на ДХМЗ, утрово во 19 часот најмногу снег е измерен во Завижан – 46 сантиметри, потоа Бегово Раздоље 40 сантиметри, Делнице 35 сантиметри, во Сљемен има околу 20 сантиметри, во Госпиќ, Огулин и Бедња 2. сантиметри.
Утре ќе преовладува облачно, врнежливо и ветровито време. На места поројни врнежи од дожд ќе има на Јадранот и во предели до Јадранот.
Во вечерните часови на планинските предели се очекуваат лапавица и обилен снег, а ќе дува умерен до засилен источен и југоисточен ветер.
Сепак, на Јадранот се очекува силно невреме. Минималната температура ќе биде од еден до четири, на Јадранот од осум до 11, а максималната од седум до 11, на Јадранот од 13 до 17 степени.