Натпреварот од третото коло на Лигата на нации во Лигата Б меѓу Албанија и Израел (1:2) го одбележа голем скандал, бидејќи на трибините пред натпреварот беше прикажана картата на „Голема Албанија“.
Натпреварот се одигра на стадионот во Тирана каде неодамна се играше финалето на Лигата на конференцијата меѓу Феенорд и Рома, а навивачите на домашната екипа ја искористија можноста да испратат порака преку карикатура со мотив од „Симпсонови“. .
На сликата е Албанец со пиво во рака како гледа телевизија на која како најнова вест се појавува „Соединетите држави на Албанија“, а покрај тој натпис на „екранот“ е прикажана и карта на „Голема Албанија“ .
Покрај скандалозната порака на „екранот“, над сликата стои и натпис
от „Беса, Бесе, Бесен Та Кан Дене“ кој е поврзан со ОВК што треба да значи „Ветувам“.
Останува да се види дали и на каков начин УЕФА ќе реагира на овие недозволиви пораки од трибините во Тирана. Мешањето политика и спорт на натпреварите под покровителство на Европската куќа на фудбалот е експлицитно забрането, а делото на албанските навивачи ги надминува границите на политиката.