Вчера во Загреб однесувањето на навивачите на Шкупи беше благо речено недозволиво, и добриот резултат на фудбалерите дојде во втор план, со знамиња на ОВК и Албанија, Македонското го нема па човек би се запрашал од каде доаѓаат.
На натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, кој синоќа се одигра на загрепски „Максимир“ меѓу Динамо и Шкупи, беа снимени скандалозни сцени кога хрватските навивачи заедно со Албанците од Македонија скандираа „Убиј го Србинот“.
Навивачите на двата тима заедно го навредуваа српскиот народ, така што во вториот дел симпатизерите на Динамо се свртеа кон гостите кои ги навредуваа.
Додека се случуваше ова, од трибината каде што беа навивачите на Шкупи се вееше големо албанско знаме, како и знамето на терористичката ОВК, иако тимот ја претставува Македонија.
Натпреварот заврши нерешено (2:2)
Нема сомнеж дека УЕФА ќе реагира поради ваквото скандалозно однесување на навивачите на Динамо и Шкупи и ќе покрене дисциплинска постапка.
Кога ќе сватат навивачите дека на своите омилени клубови со ваквото однесување и навивање само им штетат на клубовите.