Голема чест за синот на легендата.

Винсент Ибрахимовиќ, синот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ, е повикан во кампот на шведската репрезентација за играчи родени 2008 година.

Синот на Ибрахимовиќ моментално е член на јуниорските тимови на Милан, а повикани се вкупно 66 фудбалери кои ќе се обидат да се изборат за место во националниот тим.

Постариот син на Ибрахимовиќ, Максимилијан, исто така е член на младинските тимови на Милан (У18).

Тој игра како крилен напаѓач и оваа сезона одигра пет натпревари за јуниорскиот тим на Милан и не се запиша меѓу стрелците.

Швеѓанецот се пензионираше претходната сезона на стадионот во Милано, каде во негово име беше организирана голема прослава од навивачите.

By Author