Големо невреме го зафати северозападниот дел на Хрватска, а дуваше силен ветер и паѓаше силен дожд, јавија утринава хрватските медиуми.
На подрачјето на Бјеловар и Копривница, пожарникарите синоќа имаа технички интервенции за отстранување на дрвја и гранки од коловозите.
Ималo повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Во Копривница и околината пожарникарите цела ноќ биле на терен и ги елиминирале последиците од невремето, бидејќи ветрот искршил многу дрвја.
Поради тоа, дел од патиштата беа привремено непроодни.