Аргентинскиот фудбалер ги прекина преговорите со Јувентус за продолжување на договорот, што веднаш беше поттик директорот на Интер Џузепе Мароти да тргне во офанзива.
„Нероаѕурите“ на Дибали му нудат 7.500.000 евра, плус пари за потпишување на договорот, со оглед на тоа што тој би дошол како слободен играч на лето кога ќе му истече договорот со Јувентус.
Според актуелниот договор со Јувентус, Дибала заработува 7.300.000 евра по сезона, но за новиот договор побарал покачување од 1.500.000 евра по сезона. Сепак, Старата дама му понудила плата од само 7.000.000 по сезона, што било причина преговорите да бидат прекинати, пренесува „Спорт клуб“.
Буџетот на Интер на лето ќе се растовари бидејќи од клубот си заминуваат Артуро Видал и Матијас Весина, што ќе значи 16.000.000 евра повеќе во каса, колку што им е платата, па ќе можат да плаќаат 10.000.000 евра годишно колку што Дибала бара.
Останува да видиме дали Јувентус на крајот ќе понуди повеќе за да го задржи Аргентинецот, но мали се шансите за такво нешто.