Фудбалерите на Реал Мадрид во 21:00 часот Сантијаго Бернабеу во Мадрид го пречекуваат тимот на Манчестер Сити во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите .
Реал е актуелен шампион на Европа, а пред три дена го освои и Купот на кралот откако ја совлада Осасуна со 2:1. Клубот од Мадрид е на третото место во поредокот во Ла Лига со 68 бодови.
Манчестер Сити е во одлична форма и моментално е на првото место на табелата во Премиер лигата со 82 бода.
Реал и Манчестер Сити минатата сезона играа во полуфиналето на Лигата на шампионите. Англискиот клуб победи со 4:3 во првото полуфинале во Мадрид, а потоа Реал победи со 3:1 во Манчестер по продолженијата и се пласираше во финалето, каде подоцна го победи Ливерпул со 1:0.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти во својата тренерска кариера четири пати го освојуваше трофејот во Лигата на шампионите, а два пати менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Двајцата тренери прред натпреварот зборуваа со респект за противникот.
Голем предизвик за одбраната на Реал Мадрид ќе биде Ерлинг Халанд, најдобриот напаѓач во Премиер лигата оваа сезона. За него се огласи и Карло Анчелоти кој изјави: “Тој е исклучително опасен, но не е единствениот. Целиот тим игра добро. Мораме да го запреме тимот кој изгледа незапирлив”.
Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим е подготвен за Реал Мадрид и дека верува во нивниот квалитет на претстојниот натпревар. Сити и минатата година во полуфиналето се сретна со Реал, но потоа беше поразен со вкупен резултат 6:5. Овојпат против легендарниот клуб се посилни. Младиот напаѓач Ерлинг Халанд е овогодинешната ѕвезда на Етихад кој го собори рекордот за најмногу голови во една сезона во Премиер лигата.