Познатиот фудбалски менаџер Мино Рајола набргу по објавувањето на веста дека починал се огласи.

Сите поголеми светски медиуми објавија дека славниот фудбалски менаџер починал, по што настанала општа конфузија. Информацијата ја пренесоа веродостојни спортски новинари од целиот свет, но и светски познати медиуми како шпански „Марка“, „Аса“, италијанска „Газета дело спорта“, „Скаја“…

Најпрвин се јавил лекар и рекол дека Рајола е во критична состојба, но дека не починал.

„Моментална здравствена состојба за оние кои се прашуваат: Бесен сум затоа што ме убиваат по втор пат за четири месеци. Се чини дека тие можат да реанимираат“, напиша Рајола.

Потсетуваме, во четвртокот сите ја пренесоа информацијата дека починал од болест, иако не се наведува од која.

By Author