Пари Сен Жермен се труди максимално да го задржи Килијан Мбапе, најмногу со тоа што му плаќа пари од кои на повеќето луѓе им се врти главата.

Имено, Мбапе во договорот има посебна „клаузула за лојалност“ поради која клубот во еден ден му исплатил 10 месечни плати, пренесува француски „Екип“. Тоа е цифра од 60 милиони евра.

Според клаузулата, ПСЖ е должен да му ја исплаќа на Французинот таа сума секоја сезона што ќе ја мине во клубот. Кога на тоа ќе се додаде и годишниот приход на Мбапе од 72 милиони, се добива бројката од 132 милиони евра кои Мбапе ќе ги заработи оваа сезона.

Со овие потези ПСЖ се обидува да го задржи Мбапе, бидејќи 24-годишниот напаѓач веќе беше поврзуван со Реал Мадрид во неколку претходни преодни рокови.

Мбапе оваа сезона постигна 31 гол на 34 настапи за клубот.

By Author