Рафаел Надал поради повреда од Австралија опен нема да биде ниту на Ролан Гарос ниту на Вимблдон, а Шпанецот остави можност да биде подготвен за самиот крај на сезоната и финалето на Дејвис купот.

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на овогодинешниот Вимблдон, поради повредите со кои се здоби на почетокот на 2023 година.

Надал неодамна објави дека нема да игра на Ролан Гарос, и дека ќе му требаат уште неколку месеци да тренира и целосно да се опорави од повредата на колкот.

И се очекуваше дека Шпанецот нема да го видиме во Лондон на третиот Грен слем сезонава, што сега е потврдено, а големо прашање е дали тој ќе игра на УС Опен подоцна во текот на годината.

Вимблдон е на програмата од 3 до 16 јули, а неговото место ќе го заземе рускиот тенисер Роман Сафиулин.

Шпанецот никогаш во својата дведецениска кариера не останал без барем еден трофеј во една сезона, што може да се случи оваа година.

Во продолжение погледнете ја листата на учесници на Вимблдон.

By Author