Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денеска објавија нова фотографија од нивниот најстар син Џорџ по повод неговиот 10-ти роденден. Малиот Џорџ веќе не е баш толку мал, како што можете да видите на фотографијата. Тој беше фотографиран од Мили Пилкингтон во замокот Виндзор на почетокот на месецот.

Принцот Џорџ на новата фотографија е насмеан додека седи на камените скали, во лесна карирана кошула со засукани ракави, чино панталони и кафени чевли. Џорџ е внук на кралот Чарлс III и втор во редот за британскиот престол, по принцот Вилијам.

Во британското кралско семејство на десетгодишна возраст има и некои службени обврски кои треба да ги извршува секој член на семејството.

На пример, на десетгодишна возраст, децата на кралското семејство треба да ги прифатат обврските во воената служба, и на крајот да ја отслужат својата воена служба.

Воениот рок за членовите на семејството порано беше задолжителен, но не и за Џорџ
На Џорџ, кој е втор по редот на тронот, ќе му биде дозволено да ја избегне традицијата која трае повеќе од сто години. Неговиот татко, вујко, дедо, прабаба и прадедо служеле војска, но тој не мора да ја продолжи таа серија, пишува „Дејли мејл“.

„Традицијата на приклучување на кралското семејство во вооружените сили, дури и на кратки периоди, дава клучен легитимитет на монархијата“, вели историчарот Доминик Сендбрук.

Тој додава дека „во теорија, ништо не го спречува Џорџ да продолжи со кариерата како астронаут, на пример, ако тоа е она што тој го сака, а потоа подоцна да стане крал“.

By Author