Пејачката Тејлор Свифт го собори рекордот по број на номинации за Греми наградите.

Имено, таа се најде на кратката листа на номинирани за најдобра песна, за нејзината песна „Анти-херој“, а номинирана е седум пати, пишува Би-Би-Си.

Со ова младата кантавторка ги победи Пол Макартни и Лајонел Ричи, кои досега го делеа рекордот по број на номинации, шест за една песна.

Покрај категоријата за најдобра песна, Тејлор е номинирана и за албум на годината и видео на годината, заедно со Мајли Сајрус, Оливија Родриго и групата SZA. За најдобра песна беа номинирани и Дуа Липа и Лана Дел Реј.

Наградите ќе бидат доделени на 4 февруари 2024 година во Лос Анџелес. Како што пишува споменатиот медиум, годинава беше особено тешко да се влезе на листата на номинирани, бидејќи организаторите го намалија бројот на номинации од 10 на осум.

By Author