Меган Маркл би можела да стане една од најплатените инфлуенсери во светот, заработувајќи 200.000 фунти по објава за да ги поддржува брендовите, сугерираат експертите, бидејќи се очекува да стане новото лице на француската модна куќа Диор.

На војвотката од Сасекс претходно оваа недела ѝ беше зададен удар од аудио гигантот Spotify, откако беше објавено дека повеќе нема да го објавува нејзиниот подкаст „Archetipes“ – потег со кој Меган и принцот Хари може да изгубат 10 милиони долари.

Но, Меган е подготвена да ја преброди бурата со потпишување бројни договори со различни компании.

Експертот за бренд и култура Ник Ед изјави дека „Меган би можела да стане еден од најголемите инфлуенсери во светот“ и да „заработи милиони“ доколку стане заштитно лице на Диор.

Тој додаде дека ако договорот се оствари, тоа би можело дури да и парира на приходите што Ким Кардашијан ги има со години преку нејзиното партнерство со брендот Долче и Габана.

Како дел од својот проект, војвотката се спријателила со маркетинг експертот Викторија Џексон.
„Меган и Викторија се многу блиски. Ако некој може да и помогне на Меган да развие бренд за нега на кожа или шминка, тоа се Викторија и Бил“, изјави извор од Монтесито за Дејли Меил.

Тоа доаѓа во време на гласини дека Меган наскоро би можела да лансира свој блог за здравје и начин на живот „The Tig“.

By Author