Што ќе се случеше ако Ѕвезда ја основаше Суперлигата? “
Претседателот на Европската фудбалска унија, Александар Чеферин, повторно излезе во јавноста и уште еднаш ги критикуваше клубовите кои ја основаа Европската супер лига.
Словенецот веќе даде изјави неколку пати, а овојпат не штедеше зборови, особено за одредени екипи.
Од недела, познато е дека 12 клуба најавија формирање Супер лига, што беше осудено од УЕФА. Меѓу нив има шест англиски клубови.
Каде беше Манчестер Јунајтед една деценија пред доаѓањето на Сер Алекс Фергусон? Дали се сеќаваш. Каде беше Јувентус пред 15 години. Во Серија Б. Како би изгледало ако клубовите кои доминирале пред 30-40 години ја основале Супер лигата? Би имале лига со Нотингем Форест, Астон Вила, Хамбург, Стеауа, Порто, ПСВ и Црвена звезда. Тогаш беа европски крем. Тогаш тоа би била Суперлигата. Но, фудбалот се менува. Некои тоа не го разбираат, тие гледаат само промени на нивните банкарски сметки и ништо друго – рече Чеферин.
Договорот за формирање на Суперлигата го постигнаа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челси, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан и Интер.
На натпреварувањата на УЕФА им се потребни Аталанта, Селтик, Ренџерс, Динамо Загреб, Галатасарај и остатокот од светот. Луѓето треба да знаат дека сè е можно. Луѓето треба да знаат дека секој има шанса. Тој сон мора да живее. Големите клубови денес не беа нужно големи во минатото и нема гаранција дека тие ќе бидат големи во иднина. Фудбалот е динамичен и непредвидлив, што го прави толку прекрасна игра, толку популарна и успешна – додаде Чеферин, како што објави „Б92“.Првиот човек на УЕФА додаде дека веројатно ќе следи правна борба, која таа организација „не може да ја изгуби“.„Англичани, господа, направивте огромна грешка.
На конгресот на УЕФА, Чеферин го критикуваше односот на сопствениците, за кои рече дека фудбалот го гледаат како „производ“ и навивачите како „потрошувачи“, а потоа директно се обрати до клубовите од Премиер лигата”Би сакал да им се обратам на сопствениците на некои англиски клубови. Господа, вие направивте огромна грешка. Некои ќе речат дека тоа е алчност, други омаловажувачки, ароганција или целосно незнаење на англиската фудбалска култура, но всушност тоа не е важно. Важно е дека има уште време да се премислите, сите грешат, англиските навивачи заслужуваат да ја поправите грешката, заслужуваат почит “, рече Словенецот.